Фото: РФМ

ЕП 2026: Молдавците Ковалчук ни судат против Данска, дербито во Малме за Митревски и Тодоровски

Се ближи почетокот на Европското првенство во ракомет во машка сениорска конкуренција што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Норвешка и Шведска.

Најдобрите македонски ракометари тренираат во Силкеборг пред нивниот прв настап во Хернинг каде во првото коло ќе се соочат против првиот фаворит за титулата на овој шампионат, Данска, во рамките од групата Б на 16 јануари од 20.30 часот.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави кои ќе бидат судии во првите натпревари од сите групи во Хернинг, Осло, Малме и Кристијансад.

Мечот помеѓу Македонија и Данска ќе го судат Игор Ковалчук и Алексеј Ковалчук од Молдавија. Вториот меч од нашата група помеѓу Португалија и Романија што ќе стартува од 18.00 часот ќе го судат Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик од Шведска.

И нашиот судиски пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го имаат првиот натпревар на ЕП, тие ќе бидат судии на дербито од првото коло во групата Е помеѓу Шведска и Холандија (17 јануари, 20.30 часот).

ЕХФ ги суспендираше најдобрите македонски судии – Начевски и Николов нема да судат на ЕП!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот