фото: Македонски олимписки комитет

ЕХФ ги суспендираше најдобрите македонски судии – Начевски и Николов нема да судат на ЕП!

Европската ракометна федерација (Европска ракометна федерација – ЕХФ) ја поништи номинацијата на македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, со што тие останаа без можност да делат правда на Европското првенство што ќе се одржува од 15 јануари до 1 февруари.

Од ЕХФ информираа дека за време на подготовките за шампионатот сите судиски двојки мора да ги исполнат строгите критериуми, меѓу кои и задолжителниот фитнес-тест. Во случајот на Николов и Начевски, од „Куќата на ракометот“ посочуваат дека постои сомнеж дека фитнес-тестот бил лажиран, поради што тие се суспендирани од претстојното Европско првенство.

„Процедурата е воспоставена со цел да се гарантира физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со перформансните стандарди на турнирот. Таа предвидува доставување две видео-снимки од таканаречениот мултистејџ фитнес-тест – една осум, а друга четири недели пред почетокот на ЕХФ ЕУРО. Снимките ги оценува фитнес-партнерот на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro“, соопшти федерацијата.

По добиените видеа од Николов и Начевски, ЕХФ кон крајот на декември добила информација дека материјалот можеби бил изменет и дека не претставува целосен и автентичен запис од тестирањето. Поради тоа, видеата биле подложени на дополнителна експертска анализа од ,,Fitgood Pro” а истовремено биле доставени и до интегритетниот партнер на федерацијата.

Од Европската куќа на ракометот најавија дека случајот сè уште не е затворен, дека ќе следи дополнителна истрага и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот