ЕП 2024, Лазаров: Не сум задоволен од играта, ќе се обидеме да бидеме подобри против Швајцарија
Со поразот од Германија (34:25), најдобрата македонска репрезентација е елиминирана од Европското ракометно првенство.
Препорачано
Ова е веќе трет континентален шампионат по ред на кој Македонија не ја поминува прелиминарната фаза, а последен пат тоа се случи на ЕП во 2018 година.
За избраниците на селекторот Кирил Лазаров останува да се одигра и последниот трет натпревар од групата „А“ против Швајцарија која сигурно ќе има огромен натпреварувачки мотив после ремито со Франција.
Последниот меч нашите најдобри ракометари ќе го играат на 16 јануари во вторник од 18.00 часот во „Мерцедес-Бенц Арена“ во Берлин.
– Честитки до Германија, ја заслужи победата. Тие се на повисоко ниво од нас, тоа го докажаа и против Швајцарија. Не бев задоволен од играта на мојата репрезентација, повторно направивме повеќе од 15 грешки, технички грешки, и со таков пристап станува невозможна мисија да играте против една Германија. Ни следува еден ден одмор, ќе се обидеме да бидеме подобри против Швајцарија која има исто така добар тим и искусни играчи – рече Лазаров.
Лазаревски: Имавме глупави грешки во првите 10 минути и Германија веднаш направи 4-5 гола предност


