фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Лазаревски: Имавме глупави грешки во првите 10 минути и Германија веднаш направи 4-5 гола предност

Македонската ракометна сениорска репрезентација со вториот пораз на Европското првенство ги загуби шансите за пласман во главната фаза.

Повторно голем број на грешки беа направени и против вториот фаворит во групата „А“, селекцијата на Германија која немилосрдно казнуваше и константно доаѓаше до реализација.

Последната шанса за позитивен резултат на ова ЕП избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ја имаат во вторник од 18.00 часот во „Мерцедес-Бенц Арена“ во Берлин против Швајцарија.

Еден од пивотите во нашата селекција, Милан Лазаревски два пати се запиша во листата на стрелците против Германците:

– Имавме неколку глупави грешки во првите 10 минути и Германија речиси веднаш направи четири или пет гола предност. Потоа, не бевме толку лоши, но ни требаше предолго да влеземе во игра. Кога Германија е во позитива, има толку големо искуство што на другиот тим му е тешко да биде рамноправен – рече Лазаревски по завршувањето на мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот