фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Македонија елиминирана од Европското првенство, моќната Германија ја казнуваше секоја наша грешка

Денеска најдобрата македонска машка ракометна репрезентација загуби во второто коло во прелиминарната фаза на Европското првенство во групата „А“ од домаќинот Германија со резултат 34:25 (18:13).

Со овој втор пораз на континенталниот собир нашите најдобри ракометари ги загубија шансите за пласман во главната фаза.

Тешко беше да се игра против германската селекција која беше предводена од одличниот Кнор кој запиша девет погодоци, а и беше бодрена од многубројната публика во „Мерцедес-Бенц Арена“ во Берлин.

Кај нас најефикасен беше Ненад Костески со шест голови, а по четири имаа Пешевски и Јагуриновски.

Единствено на стартот успеавме да израмниме на 1:1, а при негатива од 5:4 противникот направи серија од 4:0.

Германците ја одржуваа ваквата предност, а во текот на првото полувреме достигнаа и највисоки „плус седум“ (16:7).

Ништо не се промени во второто полувреме, едноставно ривалот ја казнуваше секоја наша грешка, немилосрдно постигнуваше голови во нападот. Најголемата разлика достигна „плус девет“, за на крајот на семафорот да стои конечни 34:25.

Последниот меч на ова ЕП избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат на 16 јануари од 18.00 часот против Швајцарија која претходно ремизираше со Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот