фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

ЕП 2024: Бод како планина за Швајцарија против Франција

Се одигра првиот натпревар од второто коло во групата „А“ на Европското ракометно првенство, Франција и Швајцарија одиграа нерешено 26:26.

Франција, еден од фаворитите на континенталниот собир не ја оправда фаворитската улога со оглед на високата победа против Македонија и убедливиот пораз на Швајцарците против Германија на стартот од прелиминарната фаза.

Во текот на првото полувреме се менуваа водство двете репрезентации, имајќи најмногу по „плус два“ позитива, а на одмор се замина со резултат 14:14.

Во вториот дел Французите водеа константно, дојдоа до позитива од највисоки „плус четири“ (20:16, 21:17).

Но, швајцарските ракометари не се предаваа, при негатива од 24:21, врзаа три голови во низа. Во својот последен напад имаа и шанса да дојдат до триумфот, но не успеаја да реализираат.

Лаубе во швајцарската репрезентација постигна девет голови, а за Франција седум запиша Мем.

Швајцарија е последниот ривал на Македонија во третото последно коло од групата, а овој натпревар е закажан за 16 јануари во Берлин со почеток од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот