ЕП 2022: Норвешка по 25 години ја победи Шпанија и остана во игра за полуфинале

Прва победа за Норвешка над Шпанија на големите натпреварувања по пауза од 25 години/фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Селекцијата на Норвешка го совлада актуелниот европски шампион Шпанија со 27:23 и остана во игра за пласман во полуфиналето на ЕП кое се игра во Унгарија и Словачка.

Норвежаните во директен дуел со Шведска ќе одлучат за патникот во полуфиналето, додека Шпанија во последното коло од главната рунда ќе игра со отпишаната Полска и доволен и е бод за полуфинале.

Ова воедно беше прва победа за Норвешка над Шпанија на големите натпреварувања по цели 25 години.
Шпанија го отвори натпреварот со водство од 0:2, но одговорот на Норвежаните беше серија од 5:0 со која го презедоа водството и не го испуштија до крајот на натпреварот.

На полувреме беше 14:11, а во вториот дел Шпанија најблиску дојде до минус два (21:19), но немаше сила да се врати во игра. На крајот Норвешка славеше со 27:23.

Себастијан Бартхолд со шест гола беше најдобар кај Норвешка, додека во редовите на Шпанија, Хорхе Македа постигна исто така шест гола.

Резултати:
Група 2
Полска – Русија 29:29
Германија – Шведска 21:25
Шпанија – Норвешка 23:27
Табела: Норвешка 6, Шведска 6, Шпанија 6, Русија 3, Германија 2, Полска 1.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот