ЕП 2022: Драмата во Дебрецин со среќен крај за Црна Гора

Црна Гора обезбеди пласман во главната рунда на ЕП/ фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометарите на Црна Гора во драматичен натпревар од третото коло приреди сензација со победата над Словенија од 33:32 и обезбеди пласман во главната рудна на Европското првенство.
Јунак на Црна Гора беше голманот Небојша Симиќ кој во последните минути кога се одлучуваше победникот одбрани три седмерци по ред на словенечките ракометари.

Црногорците во најголем дел од натпреварот беа во негатива, го бркаа водството на противникот и во 51 минута по голот на Бранко Вујовиќ, дојдоа до израмнување (29:29). На пет минути до крајот на средбата, Милош Вујовиќ постигна два гола по ред за водство од 32:31 кое благодарение на голманот Симиќ,
Црногорците го сочуваа до крајот за триумф од 33:32 и пласман во главната фаза од ЕП.

Бранко Вујовиќ со девет гола беше најефикасен кај победникот, Грбовиќ додаде седум, а Милош Вујовиќ пет, додека кај Словенија се истакнаа Доленец и Кодрин со по шест гола.

Убедлив триумф оствари и Хрватска и тоа од 38:25 над Украина. Мартиновиќ и Шипиќ дадоа по седум гола, Јелиниќ постигна шест, а Лучин пет во убедливата победа на „коцкестите“.

Бранителот на титулата, Шпанија ја оствари и третата победа во групната фаза, овој пат славејќи со 28:24 над Бих, додека Русија немаше проблеми со Словачка и победи со 36:27.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот