Ентони Марсијал сака да остане во Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал сака да остане во клубот до лето и не покажува интерес да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Како што денеска објави „Скај“, франсукиот напаѓач ги одби понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија бидејќи сака да се избори за место во тимот на Ерик тен Хаг.

Раководството на клубот разговараше со Марсијал и неговиот менаџер и тешко дека ќе биде активирана клаузулата за продолжување на соработката за уште една година.

Договорот на 28-годишниот Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024.

Се очекува договорот за трансферот на Џејдон Санчо од Јунајтед во Борусија Дортмунд на позајмица да биде комплетиран најдоцна за два дена.

Клубовите постигнаа договор за надоместот и плата, а тоа е договор за позајмица до крајот на сезоната, без можност за купување на играчот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот