Ентони Едвардс бара истрага за трампата на Дончиќ: Уплашен сум
Ентони Едвардс: „Тие велат дека никој не знаел за трансферот, тоа е лудо. Некој треба да истражи што се случило“
Ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, Ентони Едвардс, е многу критичен кон трампата што заврши со Лука Дончиќ во Лејкерс, а Ентони Дејвис во Маверикс.
Препорачано
– Велат дека никој не знаел за трампата. Тоа е лудо. Некој треба да истражи што се случило, зошто го менувале веројатно најдобриот стрелец во лигата. Не го менувате најдобриот стрелец во НБА кој има 25 години и во однел во финале – изјави Едвардс.

Едвардс верува дека ако го размениле Лука, секого може да го снајде иста судбин и призна дека се плаши.
– Тим Конели (главен оперативен директор на Тимбервулфс н.з.), ако сакате да ме размените, известете ме – се пошегува тој.
Ентони Едвардс, кој со само 23 години е трикратен ол-стар и има договор вреден 42,1 милиони долари оваа сезона, има просек од 26,5 поени, 5,7 скока и 4,5 асистенции сезонава со Тимбервулфс.
ВИДЕО | Портер и Јокиќ блескаа во триумфот на Денвер против Њу Орлеанс


