Енергетски бомбици со таан и урми

Фото: Unsplash

Употребата на таанот во исхраната за прв пат се сретнува во арапската кујна, од 13 век. Од арапските земји, понатаму се проширува во Индија, Кореја и Јапонија, а денес често се користи во медитеранската кујна.

Таанот изобилува со мононезаситени и полинезаситени масни киселини за кои е докажано дека поволно влијаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Најчесто се употребува во подготовката на вкусна таан алва.

Одличен додаток во многу типови на храна, намази, но и десерти. Овој пат специфичниот вкус на таанот го искомбиниравме со најхранливите овошки и омилените јатки, а тоа се урмите и кикириките.

Уникатниот вкус на таан алвата во комбинација со какао, урми и кикирики формира уникатна смеса со која ќе подготвите вкусни енергетски бомбици.

Состојки:

– 400 г печени несолени кикирики
– 450 г урми
– 400 г бела таан алва
– 200 г маргарин
– 100 г црна чоколада или какао прав

Подготовка:

Печените кикирики треба да бидат мелени, но не многу ситно туку на покрупни парчиња. Свежите урми ги сечете на поситни парчиња и заедно со кикириките ги ставете ги во подлабок сад.

Во подлабокиот сад додадете ги маргаринот и алвата исечени на помали парчиња. Со раце ја замесувате цела смеса за убаво да се соединат сите состојки.

Со двете раце формирајте топчиња, бомбици кои ќе ги поставувате во хартиени корпи за колачи. Претходно по желба извалкајте ги со рендана црна чоколада или какао прав.

Внимавајте! Толку се вкусни што нема да успеете да изеде само една.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот