ЕМА за вакцината на „Фајзер“ и на „БајонТек“: Ефикасноста на „Комитнати“ е во 95 отсто од случаите

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Вакцината „Комитнати“, што е произведена од компаниите „Фајзер“ и „БајонТек“ и денеска беше препорачана за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА), покажува ефикасност во 95 проценти во спречување на заразата со ковид-19 кај лица постари од 16 години.

– Од вакцината се даваат две дози во период од 21 ден и не покажа сериозни несакани ефекти, соопшти ЕМА.

Во испитувањето на вакцината „Комитнати“ учествуваа околу 44.000 луѓе, од кои пола примиле вакцина, а пола плацебо. Ефикасност имала кај повеќе од 36.000 лица на возраст над 16 години, вклучително и оние над 75 години кои немале знаци на претходна инфекција.

Студијата покажа дека за 95 отсто е намален бројот на симптоматски случаи на ковид-19 кај лицата кои примиле вакцина, осум од 18.198 случаи добиле симптоми на корона, додека плацебо примиле 18.325 од кои 162 луѓе имале симптоми на ковид-19.

Испитувањето покажа околу 95 отсто ефикасност кај учесниците со ризик од тежок облик на ковид-19, вклучително и лицата со астма, хронични белодробни болести, дијабетес, висок крвен притисок или индекс на телесната маса над 30.

ЕМА истакнува дека вакцината има висока ефикасност како меѓу половите, така и меѓу расите и етничките групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот