Ема Корин откри дека заради улогата на принцезата Дајана во серијата „The Crown“ завршила во болница
Најновата сезона на серијата „The Crown“ излезе неодамна и, точно на време, ѕвездата Ена Корин прозборе за искуството да ја глуми принцезата Дајана.
Препорачано

24-годишната актерка имала само 18 месеци кога всушност принцезата Дајана почина во 1997 година. Таа во интервју со „Glamour“ откри неколку „задкулисни“ искуства за време на снимањето на хит серијата на „Netflix“ која во фокусот го има животот на британското кралско семејство.
„Етикетата на „икона“ игнорира голем дел од тоа која е Дајана и нејзината прекрасна комплексност. Таа беше наречена принцеза на народот затоа што луѓето ја чувствуваа блискоста. Тоа е многу поважно од било што друго“, вели актерката.

Ема која дели впечатливи физички сличности со покојната принцеза, вклучувајќи ги големите сини очи и совршеното „навалување на главата“ како Дајана е фасцинантно.
Во еден особено вознемирувачка приказ, Корин сподели дека на крајот од двомесечното снимање на серијата во Шпанија, таа доживеала драматично „финале“.

„Јас сум астматик и веќе некое време имав лоша кашлица. Морав да снимам сцена во смрзнувачко ладен базен, со децата кои ги играат Вилијам и Хари. Тоа беше „најтешката“ сцена за време на снимањето, затоа што стануваше збор за сцена во која требаше да се одржам жива во водата истовреме држејќи го петгодишниот „Хари“, како што откривме дека не може да плива“, изјави актерката.

Корин требало да се врати назад во Велика Британија истата вечер, но пред летот морала да земе антибиотици. Но ситуацијата се влошила и лекарите морале да ѝ направат „тест за кислорот“ по што ѝ соопштиле дека ќе мора да ја хоспитализираат затоа што нивото на кислорот ѝ било многу ниско.

Со малку лежерност, Корин исто така потсети дека дел од болничкиот персонал ја препознале актерката дека ја толкува принцезата Дајана и не можеле а да не се пошегуваат со неа.
„Се сеќавам дека медицинските сестри кога сфатија што снимам велеа: „Знаеме дека ја играш принцезата Дајана, дали сакаш да ти ставиме картонска ќеса над главата за никој да не те препознае?“, на многу лош англиски“, изјави актерката.


