ЕМА: Ивермектин да не се користи за лекување на ковид-19

Фото: aarp.org

Лекот ивермектин не треба да се користи за лекување на ковид-19 надвор од клиничките испитувања, порача Европската агенција за лекови (ЕМА). Како што пишува весникот „Гардијан“, повеќе месеци ивермектинот се посочува како чудотворен лек.

ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на ковид-19 и заклучиле дека дополнителните податоци не ја поддржуваат неговата употреба против коронавирусот надвор од клиничките испитувања.

Агенцијата со седиште во Амстердам соопшти дека не добила документи со кои се одобрува употреба на лекот, кој долго време се користи за лекување на некои паразити, вклучително и вошки.

Според ЕМА, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот. Лабораториските тестови откриле дека лекот може да ја блокира репликацијата на вирусот кој предизвикува ковид-19, но со многу повисока концентрација на ивермектин. Токсичните последици од тие повисоки дози не можат да се исклучат, додаваат од ЕМА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот