Елмас сака да биде еден од најдобрите фудбалери во светот!

facebook.com/SSCNapoli/

Македонскиот репрезентативец Елмас (19) се смета за еден голем фудбалски талент, а еве што кажа и неговиот агент Никола Ѓошевски за „КалчоНаполи24“:

– Елиф е многу амбициозен, се надевам дека ќе има клучна улога уште на стартот за Наполи. Во клуб каде што има врвни имиња од кои може многу да научи. Како играч за врска во нападот, но може да помогне и во одбранбениот дел. И други тимови го посакуваа, но тој ги одбра Карло Анчелоти и Наполи како гаранција за развој на младите фудбалери – рече Ѓошевски.

Дебитираше против Кремонезе, но не беше повикан од тренерот Карло Анчелоти во триумфот над европскиот шампион Ливерпул.

Наредната контролка вицешампионите на Серија А ќе ја имаат на 4 август против Марсеј.

– Не знам дали ќе настапи против Марсеј, ќе му треба уште време да биде во потребната форма. Силно мотивиран, „експлозивен“, сака да биде еден од најдобрите фудбалери на светот, иако пред него има многу работа – додаде Ѓошевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот