Елмас не е меѓу кандидатите за „Златно момче“! (ФОТО)

Фото: ffm.mk

Еден од нашите најперспективни фудбалери, Елиф Елмас кој ги брани боите на Наполи, претходно беше во Топ 40 фудбалски таленти, но не и во скратената Топ 20 листа.

-Матијс де Лихт (Јувентус), Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен), Џанлуиџи Донарума (Милан), Ансу Фати (Барселона), Филип Фоден (Манчестер сити), Матео Гендузи (Арсенал), Ерлинг Халанд (Салцбург), Каи Хаверц (Баер Леверкузен), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Дејан Јовељиќ (Ајнтрахт Франкфурт), Мојз Кин (Евертон), Канг-ин Ли (Валенсија), Андриј Олексијович (Ваљадолид), Данјел Мален (ПСВ Ајндховен), Мејсон Маунт (Челзи), Родриго (Реал Мадрид), Жадон Санчо (Борусија Дортмунд), Феран Торес (Валенсија), Винисиус Јр (Реал Мадрид), Николо Заниоло (Рома).

Минатата 2018 година наградата ја освои холандскиот одбранбен играч (тогаш во дресот на Ајакс), Матијс де Лихт, кој моментно ги брани боите на Јувентус.

Елмас (20) имаше репрезентативни обврски во изминатиот период, против Словенија имаше два голови во триумфот од 2:1, а настапи и во Варшава на дуелот против полската селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот