„Тутоспорт“: Елмас во друштво на Клајверт, Жоао Феликс, Донарума..! (ФОТО)

twitter.com/kederlicapito

Оваа престижна награда ја доделува популарниот италијански весник „Тутоспорт“, лани освојувач беше Матијс де Лихт кој летово направи трансфер од Ајакс во редовите на Јувентус.

Годинава на листата од 40 најголеми млади фудбалски таленти во Европа се наоѓа и еден наш фудбалер, станува збор за Елиф Елмас кој ова лето од Фенербахче се пресели во Наполи.

На списокот се наоѓаат звучни имиња кои настапуваат исто така во врвни клубови како Реал Мадрид, Барселона, Рома, Челзи, Милан, Баерн Минхен…

Тука се фудбалери како Џанлуиџи Донарума (Милан), Матео Гендузи (Арсенал), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Мојз Кин (Евертон), Џастин Клајверт (Рома), Родриго (Реал Мадрид), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)…

Да додадеме уште дека во вторникот Елмас го прослави 20 роденден кој го круниса на еден одличен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот