Елмас доби конкуренција, Распадори и официјално нов фудбалер на Наполи
Италијанскиот репрезентативец Џакомо Распадори и официјално е нов фудбалер на Наполи, потврди тимот од Неапол.
Препорачано
Распадори во Наполи доаѓа од Сасуоло на едногодишна позајмица тешка 5 милиони евра со задолжителен откуп на договорот на крајот од сезоната за дополнителни 25 милиони евра.
Минатата сезона Распадори одигра 36 натпревари за Сасуоло во Серија А и постигна 10 гола и стана стандарден член а италијанската репрезентација. Досега одигра 13 натпревари за „аѕурите“ и постигна три гола, а беше дел од тимот на селекторот Роберто Манчини кој триумфира на Европското првенство минатото лето.
? Welcome Giacomo! ?
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/FCGmtZuKcI
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) August 20, 2022
Италијанските медиуми пишуваат дека доаѓањето на Распадори би можело да значи заминување од Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Распадори е осмото засилување за Наполи во летниот преоден рок, претходно на „Диего Марадона“’ стадионот пристигнаа и Џовани Симеоне, Салваторе сиригу, Тангуи Ндомбеле, Лео Естигор, Хвила Кварачхелија, Маријас Оливера и Ким Мин Јае.


