фото: твитер

Елмас би можел да го напушти Наполи!?

Изненадувачки информации доаѓаат од Италија, нашиот фудбалски „Дијамант“ се наоѓа на трансфер листата на Џенаро Гатузо!?

Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, пет играчи кои што се моментно дел од составот на тренерот Џенаро Гатузо би можеле да бидат продадени каде било на крајот од сезоната.

Изворот изненадувачки информира дека меѓу нив се наоѓа и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој што ја поминува првата година во дресот на Наполи.

фото: принтскрин/news1.news

Нашиот играч има важечки договор со клубот од „Сан Паоло“ до 30 јуни 2024. година.

На оваа листа се и Калиду Кулибали, Алан, Ирвинг Лозано и Алекс Мерет.

До прекинот на сезоната во најсилното италијанско првенство Наполи беше на шестото место со 39 бодови, а „Дијамантот“ запиша 16 натпревари и еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот