Електронските учебници се корисна алатка, но ниту печатените не треба целосно да се искоренуваат

Дебатата за дигиталните учебници и натаму трае, па така со свои ставови излегоа многу професори, историчари, но и родители. Иако повеќето од нив се против искоренување на печатените учебници, сепак има и такви кои веруваат оти дигиталниот учебник е корисна алатка.

„Учебникот е добар кога може да се индивидуализира на потребите на конкретниот ученик и да биде на различни начини соодветен на неговите можности (психички, физички, ментални). Учебникот треба да се прилагодува, да се развива, да се менува. Според мене, дигиталниот учебник е токму таква алатка“, пишува професорката Мирјана Најчевска во својата колумна за Цивил Медиа, изразувајќи го својот став на оваа тема, која смета дека учебникот мора да се менува.

„Дигиталниот учебник е алатка која ги користи современите технологии да го оспособи детето да функционира во 21-век и да му даде најдобра можна шанса за понатамошно лесно користење на сите можности кои му стојат на располагање“, смета Најчевска.

МОН: Ниеден ученик нема да остане без учебници, печатените не се укинуваат

Со професорката се согласуваат и некои родители, кои велат оти мораме да се движиме во чекор со технологијата.

– Доаѓаат нови времиња кои бараат и промени, сите имаме отпор кон промените т.е. кон новото и за нас недоволно познато ама колку побргу го прифатиме толку е подобро за сите. Откако ќе се случат промените гледаме и сфаќаме дека сме отишле чекор напред, а поинтелигентните и повеќе чекори напред. Тоа не е само закон на општеството туку и на природата – објаснува Верица Ѓоргиевска, родител на основец. 

Се крева гласот на родителите: Формирана Фејсбук група против онлајн наставата и дигиталните учебници

Сепак и повеќето од оние кои имаат полиберален став за дигиталните учебници, сметаат оти ќе биде најдобро тој да се искористи како дополнителна алатка, а некако единствен начин за учење.

– Е-учебници може, но само како дополнителна алатка за учениците! Печатените учебници се неопходни за учениците, не смееме целосно да ги отфрлиме – вели родителот Горан Стојковски, со кого се согласуваат повеќе родители кои коментираат на социјалните мрежи посочувајќи дека дигиталниот учебник е во ред, но веруваат и оти печатени учебници сепак мора да има.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот