Експертите објавија листа на 20 најболни здравствени состојби, бременоста не е меѓу нив
Иако секој од нас има различен праг на толеранција на болка, можеме да се согласиме со тоа дека болката сепак е непријатна појава и може да влијае на квалитетот на извршувањето на нашите секојдневни задачи.
Препорачано
Понекогаш е тешко да се знае интензитетот на нечија болка ако и самите не сме имале можност да ја доживееме. Со цел подобро да го разбереме тоа, Националниот институт за здравје објави листа на 20 најболни здравствени состојби.
Секоја од овие состојби предизвикува неподносливи болки, кои во многу случаи може да станат хронични, пренесува „Њуз медикал“ (News Medical). Исто така, доколку овие појави не се дијагностицираат навреме, може да доведат до многу посериозни последици, предупредуваат експертите, чија листа на најболни здравствени состојби ги вклучува следниве:
1. ендометриоза
2. херпес зостер
3. дискус хернија
4. воспаление на слепо црево
5. замрзнато рамо
6. кластер главоболка
7. скршена коска
8. комплексен регионален синдром на болка (CRPS)
9. срцев удар
10. артритис
11. гихт
12. српеста анемија
13. мигрена
14. ишијас
15. камења во бубрезите
16. тригеминална невралгија (ненадејна, силна болка во лицето)
17. акутен панкреатит
18. чир на желудникот
19. фибромијалгија
20. болка по операција


