Еден од главните експерти на Светската здравствена организација, Мајк Рајан денеска изјави дека почетокот на употребата на вакцините против коронавирусот би требало на светот да му дадат „значајна контрола над вирусот следната година“.
„Животот на кој што бевме навикнати пред пандемијата – мислам дека е многу, многу реален повторно, но мораме да продолжиме да ја одржуваме хигиената, физичката дистанца. Вакцините не значат дека нема да имаме ниту еден корона случај. Меѓутоа, воведувањето на вакцините во играта ќе ја срушат кривата, ќе им стави крај на рестриктивните мерки и ќе ни даде контрола над болеста“, порача Рајан, а пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека е неопходна свест за тоа дека „мораме да ја намалиме шансата коронавирусот да се шири и понатаму“.
„Советувам големо внимание за време на новогодишните празници. Во Ирска, од каде потекнувам, во кујната може да се најдат 15 луѓе кои лупат компири и заеднички подготвуваат оброци за Божиќ. Тоа сега не смееме да го правиме“, додаде Рајан.