Екс-Вардарците Душебаев и Карачиќ го „шокираа“ Кил! (ВИДЕО)
Во дербито од групата „Б“ немаше победник на дуелот помеѓу Кил и Келце, а Веспрем ја оправда фаворитската улога против Мотор Запорожје.
Во групата каде што настапува и бранителот на титулата Вардар, екипата на Веспрем на домашен терен со 40:28 го совлада Мотор Запорожје. Да потсетиме дека украинскиот клуб приреди изненадување минатата недела совладувајќи го македонскиот шампион во СЕХА лигата.
Но, Унгарците не дозволија никакво изненадување, нова одлична партија имаше нашето лево репрезентативно крило Дејан Манасков со пет голови (5/5, 100%). Поефикасни од него беа Кент Робин Тонесен и Драган Гајиќ со по шест голови.
Ќе одвоиме уште еден интересен меч од истата група, во дербито Кил не ја оправда фаворитската улога, односно одигра само реми против Келце (30:30). За полскиот претставник настапуваат двајца екс играчи на Вардар, и токму тие беа најзаслужни што Келце си замина со голем бод од „Шпаркасен“ арена.
Во последниот напад Игор Карачиќ му асистираше на Алекс Душебаев кој беше побрз од звукот на сирената за голема радост кај неговите соиграчи. ВИДЕО ЗАПИСОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА