Ексминистерот за земјоделство Трајан Димковски ќе се брани од слобода

Судија на претходна постапка ги прифати мерките на Обвинителството и за поранешниот заменик министер за земјоделство Трајан Димковски и другите осомничени за давање неточни информации на владата односно за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителството бараше на осомничените да им се одземе патната исправа и да се јавуваат во суд.

Според обвинителството тие давале неточни информации до Владата поради што е направен отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви, а штетата на буџетот е околу 780 илјади евра.

Осомничени во случајот се и поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, поранешен раководител во Агенцијата за стокови резерви и вешто лице.

Димковски беше избран за заменик-министер во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во септември 2020 година. Тој е од редовите на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот