Еколошка катастрофа во близина на Марков Манастир
Природа загадена со секаков отпад е сликата која денеска може да се забележи покрај Маркова река, на 50-тина метри од Марков манастир, кој се наоѓа во подножјето на планината Китка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Несовесни граѓани деновиве убавото време го искористиле за лично задоволство, притоа, оставајќи секаков отпад зад себе, направиле штета на своите поколенија, до 500 години од сега, колку што е потребно да се распаде истиот.
Маркова река е една од водотеците која годинава и покрај сушата изобилува со вода, но, „уживателите на природата“, решително, по убаво поминат викенд, отпадот несовесно го складирале во реката.
Првиот контејнер за отпадоци е на 50 метри, а на местото кое природата овозможила и луѓето да уживаат во нејзината убавина, поставен е огромен знак преку кој на македонски и албански јазик, посетителите љубезно се замолуваат отпадот да го складираат во контејнер.
Извор: МИА
Еко-катастрофа: Инвеститорот не сака сведоци на убиството на Маркова Река


