Еко-акција на Водно, засадени 100 садници црн бор

Фото: Град Скопје

Град Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило” и градските средни училишта организира еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со стотина ученици од скопските средни училишта „Јосип Броз Тито” и „Раде Јовчевски Корчагин” на Водно засадија 100 садници црн бор.

Фото: Град Скопје

Со еко акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје заедно со скопските средношколци ја подигаме свесноста за потребата од чување и заштита на животната средина. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето, а истовремено ја потенцираме важноста од одговорниот однос кон животната средина без нејзино загадување и уништување, вели Арсовска.

Во текот на изминатата недела градоначалничката Арсовска со учениците од скопските средни училишта „Боро Петрушевски“,„8 ми Септември“,„Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“ засадија 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.

Фото: Град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот