Еклстоун би примил куршум за Путин, Формула 1 се огради

EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Поранешниот шеф на Ф1 даде вџашувачка изјава за рускиот претседател, што предизвика брза реакција од канцеларијата на Формула 1

Формула 1 издаде официјално соопштение со кое се оградува од изјавата на Берни Еклстоун (91) во однос на геополитичката ситуација во светот.

– Коментарите на Берни Еклстоун се само негово лично гледиште и се разликуваат многу од позицијата и сегашните вредности на нашиот спорт – стои ви официјалната изјава на Ф1.

Претходно Еклстоун на ТВ-програмата „Добро утро Британија“ јавно изјави дека го поддржува рускиот претседател, додавајќи дека „подготвен е да прими и куршум за Путин“. Оваа изјава предизвика многу реакции, меѓу другото и од канцеларијата на Ф1.

Ова не е првпат Фрмула 1 да се оградува од изјавите на бившиот шеф. Во 2020 Берни предизвика огорченост кога за Си-Ен-Ен изјави дека во многу случаи црните луѓе се поголеми расисти од белите луѓе. Ф1 тогаш одговори дека не е време за вакви изјави кога е потребно единство во борбата со расизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот