ЕК се подготвува за различни сценарија при евентуален бегалски бран од Украина

Европската унија се подготвува за сите можни сценарија во врска со ситуацијата околу Украина, изјави на прес-конференција портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, како одговор на новинарско прашање за можен бран бегалци од Украина во случај на руска инвазија

– ЕУ се обидува да ја процени ситуацијата, да се подготви за различни сценарија и можни исходи. Се обидуваме да бидеме подготвени на сè, но во моментов не можеме да дадеме детали, рече тој.

Портпаролот на ЕК потсети дека во однос на актуелната визна либерализација со Украина, постои механизам за нејзино прекинување, кој „може да се активира доколку е потребно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот