ЕК ја одобри вакцината на „Новавакс“ против ковид-19

Новавакс / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Европската комисија ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на „Новавакс“ во Европската унија.

„Со пет одобрени вакцини, ЕУ има разновидно портфолио, базирано и на новите технологии, како што е mRNA, и на класичните, како што е Новавакс, која се базира на протеини“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер.

Одлуката беше донесена набргу откако вакцината беше одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Вакцината сега може да се дистрибуира во земјите-членки на ЕУ кои ја купиле, а испораката треба да започне во јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот