ЕК даде дозвола за компензација од 2,6 милијарди евра од Германија поради предвремено затворање електрани на јаглен

европска комисија фото МИА

Европската комисија одобри компензација во вредност од 2,6 милијарди евра од страна на германската влада за снабдувачот со енергија RWE за предвремено затворање електрани на јаглен, jави ДПА.

Анализите покажаа дека исплатите се во согласност со правилата за државна помош на Европската унија, се вели во соопштението на Комисијата.

Компензацијата ќе придонесе за декарбонизација на економијата во согласност со целта на ЕУ да стане јаглеродно неутрална до 2050 година, наведе ЕК.

Германија треба постепено да ја укине електричната енергија произведена од јаглен до 2038 година. За да го поттикне предвременото затворање на рудниците за лигнит, Берлин планира да им плати на операторите милијарди компензација.

Покрај 2,6 милијарди евра наменети за RWE за затворање на ископи за јаглен во Рајнската област, енергетската компанија LEAG може да се надева на 1,75 милијарди евра за затворање на своите ископи во регионот Лаусиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот