ЕИБ ја финансира изградбата на пругата Белград-Ниш, а ќе се пушти крак и во Македонија

Фото: МИА

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја финансира изградбата на железничката линија Белград-Ниш, објави овој голем меѓународен кредитор. Тој проект е дел од поголема инвестиција за реконструкција на сообраќајната инфраструктура во Западен Балкан. EИБ Глобал, финансиската група на Европската инвестициска банка, инвестираше рекордни 1,2 милијарди евра низ Западен Балкан во 2023 година.

Тоа е за 365 милиони евра повеќе од 2022 година. Инвестициите се наменети за проекти за одржлива и енергетска транзиција кои го поддржуваат пристапувањето на регионот во Европската унија (ЕУ), економските и климатските цели, како и поврзувањето. Инаку, нивните инвестиции од 1,2 милијарди евра треба да поттикнат инвестиции од шест милијарди евра нови инвестиции во регионот. Овие инвестиции ќе го забрзаат поврзувањето, енергетската транзиција и растот на малите и средни претпријатија (МСП), во согласност со приоритетите на ЕУ.

Од 2010 година, ЕИБ инвестираше повеќе од 10 милијарди евра во регионот за да помогне во развојот на локалните економии, објави Политика.

„Во тесна соработка со Европската комисија, задоволни сме што успеавме да обезбедиме грантови во износ од дури 475 милиони евра во рамките на инвестициската рамка за Западен Балкан и Иницијативата за економска отпорност на ЕИБ“, рече Киријакос Какурис, одговорен потпретседател на ЕИБ за регионот.

Најголем дел од средствата, 58 отсто, што изнесува 693 милиони евра, се наменети за побезбеден, одржлив сообраќај, т.е. железници во Србија (дел Белград-Ниш) и во Македонија (Крива Паланка – бугарска граница).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот