ЕХФ Куп: Бутел во Украина патува со четири гола предност – Слободен печат
РакометСпорт

ЕХФ Куп: Бутел во Украина патува со четири гола предност

Дали ќе биде доволно за македонскиот ракометен претставник пласман да се пласира во третото коло, ќе дознаеме на реваншот.

Во својот прв европски натпревар машкиот ракометен клуб на Бутел од Скопје триумфираше денеска во првиот натпревар од второто квалификациско коло од ЕХФ Купот против ЗТР Запорожје со 18:14 (8:7).

Во текот на првото полувреме Бутел имаше предност од 6:3 после скоро 20 минути игра во СРЦ „Кале“, а „плус три“ одржуваше и на стартот од вториот дел (10:7).

Следуваа три голови во низа на гостите за израмнување, дури и поведоа во 46 минута на минимални 12:13. Но, потоа возврати нашиот претставник со своја серија на погодоци од 5:0, за на семафорот на три минути до крајот на средбата да стои 17:13.

Најрасположен во македонската екипа беше Мирко Мајиќ со седум голови, трипати во листата на стрелците се запиша Златко Мојсоски.

На спротивната страна четири погодоци беа дело на Олександр Тилте, а три запиша Андриј Акименко. Реваншот ќе се игра на 13 октомври на теренот во Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close