ЕХФ Евро куп: Составот на Македонија за денешниот дуел со Норвешка

Норвешки повторно ќе ги тестира најдобрите македонски ракометарки/Фото: РФМ

Пред три дена во Скопје најдобрата македонска женска ракометна репрезентација загуби со 18:24 од Норвешка во рамките од ЕХФ Евро купот (ЕХФ недела).

Денеска од 16.00 часот во „Надеруд Арената“ во Бекестуа ќе се игра вториот натпревар помеѓу овие две селекции.

Нашиот селектор Љубомир Савевски направи една измена во составот, на местото на Ивана Арсениевска ќе биде Александра Коловска која ќе има можност да настапи против актуелниот европски и светски шампион.

Составот на Македонија за денешниот дуел со Норвешка: Јанеска, Коловска, Џатевска, Дукоска, Серафимова, Мицевска, Миновска, Кипријановска, Седлоска, Ристовска, Стојковска, Саздовска, Дабевска, Гичевска, Коцева, Штериова.

Потсетување дека годинава Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи во периодот од 4-20 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот