Египет со нов план за Либија, по неуспехот на офанзивата на армијата на генерал Хафтар

Египетскиот претседател Абдула Фатах ал-Сиси денеска ја промовираше новата иницијатива за Либија, предлагајќи избран владеачки совет и прекин на огнот на 8 јуни.

Сиси, крај кого стоеја командантот на источниот дел од земјата, генералот Калифа Хафтар, и претседателот на источниот либиски Парламент, Агуила Салех, кажа дека планот вклучува повик за разговори во Женева и заминување на сите странски борци од Либија.

Либија нема стабилна централна влада од соборувањето на диктаторот Моамер ел- Гадафи во 2011 година со помошта на НАТО. Повеќе од пет години во земјата има  ривалски парламенти и влади, на истокот и западот на земјат, додека улиците ги контролираат разни вооружени групи.

Сиси го објави планот по ненадејниот неуспех на 14-месечната офанзива на силите на Хафтар (ЛНА) што беше насочена на Триполи. Владата на национално единство (ГНА) сега контролира поголем дел од северозападниот дел на земјата, додека силите на Хафтар и понатаму го контролираат истокот и поголемиот дел од југот на земјата. Египет го поддржува Хафтар заедно со Обединетите Арапски Емирати и Русија, додека Турција ја поддржува ГНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот