Ефремовски: Очекувам уште подобро наше издание во Баку
Членот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Виктор Ефремовски беше вистинско изненадување за одбраната на селекцијата на Луксембург во третото коло од претквалификациите за Евробаскет 2029 и победата во Скопје над истиот противник со резултат 79:70.
Препорачано
Откако влезе во игра, во краток временски период постигна 10 поени, и даде силен придонес во креирањето на двоцифрената предност, која беше некоја константа низ текот на дуелот во „Градски парк“.
На крајот, додаде уште три поени, доволно за потврда на добрата игра при враќањето во националниот тим.
– Немавме многу време за работа со селекторот, но тој паметно го искористи секој момент и резултатот што го постигнавме за само неколку дена е навистина за почит. Одиме напред, чекор по чекор – рече Ефремовски.
Бекот шутер во нашата селекција е задоволен од својот индивидуален ефект иако е ставен во служба на колективот:
– Задоволен сум од мојата игра и од играта на останатите, сите вложивме голем труд. Сега фокусот е на она што следи, дуелот со Азербејџан, и очекувам уште подобро наше издание во Баку – вели Ефремовски.
Во понеделник, 2 март, со почеток од 17.00 часот избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал во четвртото коло од групата А ќе игра против Азербејџан кој славеше минимално на гости над Ирска со 76:75.


