Ефремовски: Доколку победиме против Норвешка, сè ќе биде полесно на наредните мечеви

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува претквалификациите за ЕП 2025/фото: kfsm.mk

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација се подготвува за новите натпревари од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 против Норвешка и Данска. Официјално, започна продажбата на влезните билети за овие мечеви, а местото за продажба на истите ќе биде билетарницата (отворена секој ен од 09.00 до 16.00 часот) на салата „26 Април“ во Гевгелија каде што и ќе се играат овие мечеви.

В четврток (10 ноември) од 19.00 часот избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе ги одмерат силите против Норвежаните, а во истиот термин три дена подоцна и против Данците.

Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со медиумската ТВ куќа Sportklub. Согласно со тоа, и во наредниот период Sportklub ќе ги пренесува „во живо“ натпреварите на машката кошаркарска репрезентација во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година. Од федерацијата најавија дека Sportklub HD ќе го пренесува натпреварот Македонија – Норвешка во рамките на третото коло.

Нашиот репрезентативец, бек-шутерот Виктор Ефремовски е еден од играчите кои се дел од нашата селекција во последните неколку акции. Во оваа ноемвриската ќе ја чека својата шанса да ги покаже своите квалитети кои ги прикажува од стартот на сезоната во домашниот шампионат, каде со екипата на Гостивар е на лидерската позиција, и со максимален резултат.

Ти-Џеј Шортс: Не знам многу за Македонија, но почнувам да учам

– Треба да продолжиме во еден победнички ритам. Се надевам на две победи. Очекувам публиката во Гевгелија да дојде во што поголем број, и да ни даде поддршка на натпреварите кои следуваат. Секако дека за нас е голем хендикеп, го немаме Нено (Димитријевиќ) во тимот, не игра ни Андреј (Јакимовски). Ние другите сè ќе сториме за Ти Џеј (Шортс) да биде добредојден. Тој е најдобар стрелец во Бундеслигата, и очекувам лесно да се вклопи во нашиот тим. Клучен натпревар за нас. Ако победиме, се ќе биде доста полесно на наредните натпревари – вели Ефремовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот