Фото: Pexels

Едноставно и природно: Како да ги намалите темните подочници со домашни состојки?

Подочниците најчесто се естетски проблем поврзан со стареењето и животните навики, но понекогаш можат да бидат и сигнал за здравствена состојба. Кога причината е козметичка, со мала дисциплина и природни третмани може значително да се ублажи нивната појава, пишува „Е-клиника“.

Зошто се појавуваат подочници?

Стручњаците наведуваат неколку најчести причини:

  • наталожување на темен пигмент (меланин), кој предизвикува потемнување околу очните капаци
  • губење на масно ткиво под очите како дел од природниот процес на стареење
  • ослабена циркулација и застој на крв во ситните вени околу очите
  • лоши навики како пушење, прекумерна консумација на кофеин, недостиг на сон и преголема изложеност на сина светлина

Комбинација од домат и наут

Доматот е богат со антиоксиданси кои можат да ја намалат дисколорацијата и да ја осветлат кожата. Исцедете сок од домат, додадете половина лажичка лимонов сок и две лажички ситно мелено брашно од наут. Нанесете ја смесата под очите, оставете да делува 15–20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Ладни кругови од компир

Компирот содржи природни состојки што помагаат во избелување на кожата и намалување на отокот. Изладен компир сомелете го и исцедете сок. Натопете памучни тупфери и ставете ги на очните капаци и подочниците околу 20 минути, па исплакнете со ладна вода.

Белки од јајце

Белките ја затегнуваат кожата, ја поттикнуваат циркулацијата и делуваат смирувачки. Одделете ја белката, изматете ја додека не стане пенеста и нанесете тенок слој под очите. Оставете да делува околу 15 минути. Додека се суши, ќе почувствувате благо затегнување.

Маска од сода бикарбона и камилица

Подгответе млак чај од камилица и измешајте една лажичка сода бикарбона. Натопете памучен туфер и ставете го под очите околу 15 минути. Важно е течноста да не биде жешка, бидејќи кожата околу очите е исклучително тенка и чувствителна. По третманот нанесете хидратантна крема или природно масло.

Ладни облоги

Ладните облоги ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат отокот. Неколку коцки мраз завиткајте ги во памучна крпа и држете ги под очите до 15 минути. Никогаш не нанесувајте мраз директно на кожата. Може да користите и ладна лажица или навлажнета студена крпа.

Масла со хидратантно дејство

Аргановото и кокосовото масло се богати со витамин Е и антиоксиданси кои ја обновуваат кожата и ја подобруваат нејзината еластичност. Навечер нежно нанесете неколку капки под очите и оставете да делуваат преку ноќ. Наутро измијте го лицето со млака вода.

Постојано ви солзат очите? Причината може да биде шминката, внимавајте на оваа состојка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот