Едноставно и евтино: Домашен квасец од две состојки

Unsplash
Unsplash

Рецептот за подготовка на домашен квасец е многу едноставен, а единствена „мана“ е што таа подготовка трае една недела, но кога еднаш вашиот квасец ќе биде готов за употреба, со секојдневно прихранување можете да го користите во неограничени количини. Само следете ги чекорите за негова подготовка и нема да згрешите.

Прво од состојки ви требаат вода и интегрално ’ржано и пченично брашно. Во еден сад ставете 150 мл млака вода и додајте ѝ 100 г интегрално брашно, па измешајте да нема суви делови или грутки. Оваа смеса оставете ја во поклопен сад да стои 24 часа во кујна или било која топла просторија, на собна температура. Следниот ден промешајте ја смесата и во друг сад префрлете 70 г од неа (остатокот фрлете го), па додајте ѝ 50 г интегрално ’ржано брашно, 50 г интегрално пченично брашно и 115 мл вода.

Измешајте и оставете да стои 24 часа. Следниот ден во исто време, измешајте ја смесата и повторете ја постапката така што ќе одвоите 70 г смеса во која ќе додадете 115 мл млака вода, измешајте, поклопете и нека стасува 24 часа на собна температура. Истото повторете го следниот ден во исто време, но сега на 70 г смеса додајте 100 мл млака вода и нека стои 24 часа на топло. Петтиот ден повторете ја постапката.

Шестиот ден во стаклен сад издвојте 50 г смеса (остатокот фрлете го) додајте му 50 г интегрално ’ржано и 50 г интегрално пченично брашно. Додајте 100 мл млака вода, измешајте добро да нема грутки и нека стои на топло 24 часа. Следниот ден во исто време издвојте 25 г смеса (остатокот фрлете го) и додајте по 50 г од двата вида брашно, 100 мл млака вода, добро измешајте и нека стои поклопено на топло 24 часа. Осмиот ден можете да го користите квасецот. Тој нема рок на траење и може секој ден да се прихранува на ист начин како седмиот ден. Потребно е само осмиот ден, само еден дел од квасецот да го одвоите во стаклен сад и да ја повторите постапката. Со овој квасец тестото стасува подолго време, на пример 2 – 3 часа.

Леб можете да правите така што 45 г од готовата смеса ќе ги измешате со 90 г брашно и 90 г вода и таа смеса да стои на собна температура 4-6 часа. За оваа смеса потребно е 500 г брашно да замесите тесто за леб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот