Фото: Инстаграм/Келси Хачер

Една во 50 милиони: Жена со две матки забременила и во двете

Жена од сојузната американска држава Алабама е бремена со две деца, но тие не се близнаци. Келси Хачер (32) е родена со две матки, а сега е бремена и во двете, пишува „Саенс алерт“.

Хачер, која на социјалните медиуми пишува за напредокот на нејзината бременост, на 17-годишна возраст дознала дека има двојна матка (uterus didelphys) – исклучително ретка состојба во која жената има две матки и се јавува кај околу 0,3 проценти од жените.

Фото: Инстаграм/Келси Хачер

За време на рутински осумнеделен ултразвук во мај, мајката на три деца дознала дека ќе роди две деца, но дека фетусите се присутни во двете матки.

„Не можевме да поверуваме. За време на првиот ултразвук, многу се смеевме“, напиша таа на социјалниот медиум Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Келси Хачер

Иако жените со две матки често имаат компликации за време на бременоста, сите три деца на Хачер се родени здрави и без никакви проблеми.

Бременоста во две матки е неверојатно ретка. На Хачер ѝ било кажано дека шансите се една на 50 милиони, а последниот познат случај се случи во Бангладеш во 2019 година, кога 20-годишната Арифа Султана роди две здрави деца со разлика од 26 дена.

Келси и нејзиниот сопруг Кејлеб / Фото: Инстаграм/Келси Хачер

Келси се надева дека исто така ќе има непречена бременост и дека ќе се породи кон крајот на декември. Засега сè напредува како што треба.

Она што е „проблематично“ е тоа што матките ќе имаат контракции во различно време, кои можат да бидат со разлика од неколку минути, часови и денови. Келси и нејзиниот сопруг, Кејлеб, се свесни дека царскиот рез можеби е неопходен за едното или дури и за двете раѓања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот