Една лама наводно е клучот за пронаоѓање на лекот за коронавирус

Фото: Википедија

Според американските и белгиските научници, eдна лама која се вика Винтер би можела да биде клучот за пронаоѓање на лекот за Ковид-19.

Научниците и истражувачите од Универзитетот во Остин, државата Тексас и Националниот институт за здравје и Универзитетот Гент во Белгија во вторникот ги објавија резултатите од нивните истраживања, а ламата Винтер е главен фокус во студијата, пишува Ројтерс.

Оваа група експерти ги започнала истражувањата пред четири години, кога барале антитела кои би можеле да му се спротистават на коронавирусот САРС кој се ширеше во 2003 година, како и МЕРС, кој се појави во 2012 година.

„Овој проект не беше примарен во 2016 година, но мислевме дека е интересен. Потоа се појави ковид-19, и приоритетите се променија, ова истражување стана побитно“, вели Хавиер Саеленс, лидер на белгискиата група од научната соработка.

Белгиските и американски научници преку ова истражување со помош на лама создале антитела за кои тврдат дека ги штитат човечките клетки од Ковид-19.

Така, во 2016 година, во ламата наречена Винтер која има четири години и живее на фарма во белгиско село, тие вбризгале безбедни верзии на вирусот САРС и МЕРС.

Научниците потоа изолирале антитела од нејзината крв, која се произведува како одговор на антиген и може да помогне во спречување на идни инфекции.

Методот се применува за создавање на нови антитела, за кои научниците велат дека можат да спречат САРС-КоВ-2, коронавирусот кој предизвикува Ковид-19 да ги зарази клетките.

„Ова се едни од првите антитела за кои се знае дека го неутрализираат САРС-КоВ-2“, изјави Џејсон Меклелан, професор по молекуларна бионакука и еден од авторите на студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот