Една контрола помалку за вардарци, откажан турнирот во Кањижа

фото: рк вардар

„Црвено-црните“ како дел од подготовките за новата сезона планираа да настапат на турнирот во Кањижа, но организоторт одлучи да го откаже поради пандемијата на коронавирусот.

На турнирот во Кањижа требаше да настапи и Вардар, а се очекуваше да играат и Нексе и Пик Сегед. Сега по откажувањето на турнирот тренерот Стевче Алушовски ќе може да ја воигрува екипата единствено на турнирот во Струга што е планирано да се одржи од 12 до 16 август.

Истовремено Алушовски размислува и за договарање на уште неколку дополнителни контролни натпревари овој месец. На 29 август е планирано во Скопје да се одигра реванш четвртфиналниот натпревар од СЕХА  лигата со Нексе.
Тоа е заостанат меч од минатата сезона, а победникот од тој двомеч ќе игра на завршниот турнир на Ф4 планиран за почетокот на септември во Задар, Хрватска.

– Ние се подготвуваме и го очекуваме тој натпревар. Засега нема други најави и ја темпираме формата за тој натпревар и за Ф4 турнирот – изјави Алушовски за клупскиот сајт.

Екипата тренира во Скопје каде ќе остане се до заминувањето за Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот