Фото: Pexels

Еден уред во кујната може да предизвика пожар ако не го чистите редовно – три едноставни начини како да го направите тоа

При чистење на кујната, многумина го занемаруваат аспираторот. Овој уред ги извлекува мирисите при готвење, ја отстранува влагата и маснотиите од воздухот и спречува нивно таложење на ѕидовите и прозорците. Но, токму поради тоа, неговите филтри брзо се валкаат, што може да влијае на ефикасноста, но и на безбедноста, пишува „Клик“.

Редовното чистење не само што го продолжува векот на уредот, туку и го намалува ризикот од запалување на наталожената маснотија.

Зошто е важно редовно чистење?

Додека готвите, аспираторот работи со полн капацитет за да ги отстрани пареата и мирисите. Освен што ја одржува чистотата, тој е важен и за здравјето – особено кај лица со чувствителен респираторен систем. Со редовно чистење се спречува задржување на бактерии и мувла во филтрите.

Нечист аспиратор троши повеќе енергија, послабо влече и може да испушта непријатни мириси. Наталожената маснотија, пак, претставува потенцијална опасност од пожар.

Како да го исчистите аспираторот?

За чист и сјаен аспиратор, доволни се неколку едноставни чекори. Најпрво исчистете ја надворешната површина со средство за миење садови или одмастувач. Нанесете го, оставете да делува околу 10 минути, а потоа избришете со мека влажна крпа. Избегнувајте абразивни средства за да не ја оштетите површината.

Фото: Pexels

Три начини за чистење на филтрите

Откако ќе ја исчистите надворешноста, следи најважниот дел – филтрите:

Миење во мијалник

Потопете ги во топла вода со детергент и исчистете ги со четка. Ако се многу валкани, оставете ги да отстојат неколку минути.

Миење во машина за садови

Поставете ги хоризонтално и вклучете програма за силно валкани садови. Практично и брзо решение.

Со сода бикарбона

Во врела вода додадете околу 200 грама сода бикарбона и потопете ги филтрите пет минути. Потоа исплакнете ги со ладна вода и исушете ги.

Резултатот е чист аспиратор што работи потивко и поефикасно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот