Еден од најславните англиски голгетери стана тренер
Легендарниот англиски голгетер Џермејн Дефо остана дел од елитниот англиски фудбал речиси во текот на целата своја кариера, а по повлекувањето во 2022 година постепено почна да се насочува кон тренерската работа, а сега го доби и својот прв ангажман како главен тренер.
Препорачано
По искуството во младинските категории на Тотенхем и Ренџерс, Дефо е назначен за менаџер на Вокинг, клуб кој се натпреварува во Националната лига (петти ранг во англискиот фудбал).
Во моментов, Вокинг се наоѓа на 11. позиција на табелата, со девет бода заостанување зад местата кои водат во плејофот. Во клубот веруваат дека, иако борбата за пласман оваа сезона е тешко достижна, новото назначување може да биде клучно за атак на повисок ранг во наредната сезона.
Woking Football Club is pleased to confirm the appointment of Jermain Defoe as the club’s new Manager. ♦️
— Woking Football Club (@wokingfc) March 29, 2026
Професионалната кариера на Дефо почна во Вест хем, каде постигна 40 голови на 104 натпревари во сите конкуренции. Сепак, неговото заминување во Тотенхем остави горчлив вкус кај дел од навивачите.
Во дресот на „спарс“, Дефо запиша 363 настапи и постигна 143 погодоци, а во текот на кариерата настапуваше и за Сандерленд, Портсмут и Ренџерс, пред да стави крај на играчката кариера во 2022 година, повторно во редовите на Сандерленд.


