Даклан Рајс/Arsenal FC

Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал остана без возачка дозвола

Еден од клучните играчи на Арсенал, Деклан Рајс, се најде во непријатна ситуација надвор од фудбалските терени. Англискиот фудбалер беше санкциониран од полицијата и заработи шестмесечна забрана за управување со автомобил, откако во рок од една недела двапати ја пречекорил дозволената брзина.

Првиот прекршок бил регистриран кога Рајс возел со 59 километри на час во зона каде што ограничувањето изнесувало 30 км/ч. Само неколку дена подоцна, тој повторно бил забележан зад воланот, овојпат со брзина од 79 км/ч на делница каде што биле дозволени 65 км/ч.

Поради строгите британски сообраќајни прописи, фудбалерот остана без возачка дозвола, а дополнително ќе мора да плати и парична казна во износ од 2.000 фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот