Еден од најбогатите фудбалери во светот бара пет милиони од Барса за да го раскине договорот
Фудбалерот на Барселона, данскиот репрезентативец Мартин Брајтвајт побарал пет милиони евра од каталонскиот клуб за да потпише раскин на договорот, пренесуваат шпанските медиуми.
Препорачано
Брајтвајт не отпатува со Барселона на претсезонската турнеја низ САД, ниту пак настапи за тимот на првите два натпревари од новата сезона во шпанската „Ла Лига“.
Данскиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Мајорка, но од Барселона бара отштета од пет милиони евра, за да се откаже од преостанатите две години од договорот со тимот од „Камп Ноу“.
Пристигна во Барселона во 2020 година од Леганес за 18 милиони евра, а за каталонскиот клуб одигра 58 натпревари и постигна 10 голови.
Барселона и претходно сакаше да го продаде играчот, но тој не сакаше да го напушти тимот. Каталонскиот клуб мора да продаде неколку играчи до крајот на преодниот рок за да ја стабилизира финансиската состојба.
Данецот е еден од најбогатите фудбалери во светот, бидејќи тој и неговиот вујко поседуваат компанија за недвижнини во САД, која моментално се проценува на 250 милиони долари.


