Еден од хероите на БиХ во пласманот на Мундијалот е пред трансфер на кариерата
Еден од хероите на репрезентацијата на Босна и Херцеговина во пласманот на Светското првенство, Тарик Мухаремовиќ е на чекор до најголемиот трансфер во кариерата и според најавите ќе потпише за актуелниот лидер во Серија А, Интер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Нераѕурите“ како што се наведува веќе постигнале договор со фудбалерот околу личните услови, според кои Мухаремовиќ би ставил потпис на петгодишен договор вреден околу 1,5 милиони евра по сезона, со дополнителни бонуси поврзани со освоени трофеи.
🚨 BREAKING: #Inter has agreed personal terms with Tarik Muharemović for a contract of around 5 years. Talks are now underway with Sassuolo. 🇧🇦
Muharemović would prefer to join #Inter over Juventus, who has a 50% sell-on clause. ⚫️🔵
[via @Gazzetta_it] pic.twitter.com/366DsR6kKg
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) April 24, 2026
Иако фудбалерот ја прифатил понудата, преговорите меѓу Интер и неговиот актуелен клуб Сасуоло сè уште траат. Ситуацијата дополнително ја комплицира фактот што половина од евентуалната оштета му припаѓа на Јувентус, големиот ривал на Интер, па миланскиот клуб бара начин како да ја минимизира сумата што ќе заврши во Торино.
Според информациите на новинарот Нико Шира, Интер подготвува понуда која вклучува позајмица вредна од 3 до 5 милиони евра, со задолжителен откуп од 25 до 28 милиони евра.
И покрај интересот од европски гиганти како Барселона, како и од англиските клубови Астон вила, Њукасл и Борнмут, се чини дека Интер е најблиску до потписот на дефанзивецот.
Огромен интерес во БиХ за натпреварот против Македонија, билети нема уште многу
ВИДЕО | БиХ не спиеше ноќеска – се славеше пласманот на Светското првенство
ВИДЕО | Патници во авион ја добија веста дека БиХ ќе игра на Мундијалот, следуваше славје


