Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.472, а во моментов активни се 379 случаи.
Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира едно новозаболено лица од Ковид 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 42 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
– Новозаболениот е од веќе познат кластер, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи
Денеска се извршени 28 тестирања од кои 18 „Мој Термин” и 10 епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.472, а во моментов активни се 379 случаи.