Ед Ширан/Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Ед Ширан купил луксузен стан во Њујорк вреден над 10 милиони евра и го платил во готово

Британскиот пејач Ед Ширан (34) дополнително ги зголеми своите инвестиции во недвижности купувајќи луксузен стан во Бруклин, Њујорк, чија вредност надминува 10 милиони евра, пишува „Дејли мејл“.

Имотот се наоѓа во ексклузивен станбен комплекс покрај брегот, а еден од неговите познати соседи е американскиот рапер Кендрик Ламар. Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн живеат во истата зграда веќе некое време, каде што изнајмиле стан за 29 милиони евра. Овој пат решиле да купат – и тоа без кредит, користејќи готовина преку компанијата што самите ја основале.
Купувањето на новиот имот е извршено преку посебна компанија основана од Ед и Чери, а според документите од Њујорк, станот е купен со готовина, без користење на кредит.

Апартманот со површина од приближно 315 квадратни метри ги нуди сите погодности на модерниот луксуз – вклучувајќи две теретани, рецепција отворена 24 часа и гаража со станици за полнење електрични возила.

Тој поседува и најмалку 27 недвижности во Велика Британија, вклучувајќи куќа во Нотинг Хил вредна 23 милиони евра, како и бројни станови во елитни лондонски населби како што се Холанд Парк, Ковент Гарден и Вајтчепел. Во Холанд Парк, тој поседува пет недвижности со вкупна вредност од над 36 милиони евра.

Покрај тоа, тој поседува четири станови во Ковент Гарден, пет станови во кулата Вивертон и уште два имота во близина на домот за кучиња и мачки во Батерси. Само овие имоти во Лондон вредат повеќе од 52 милиони евра.

Ширан е исто така сопственик на ресторанот „Берти Блосомс“ на Портобело Роуд, а надвор од Велика Британија поседува вила во Италија со лозја. Неговиот главен имот е во Сафолк, каде што купил голем број околни имоти во родниот Фрамлингем и создал комплекс што мештаните го нарекуваат „Ширанвил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот