ЕБОР инвестира 1,1 милијарда евра во европските зелени програми

ЕБОР / Фото МИА

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе мобилизира повеќе од 1,1 милијарди евра директни инвестиции или инвестиции преку финансиски посредници за да им помогне на земјите од Европската унија (ЕУ) во кои Банката инвестира да го остварат својот целосен зелен потенцијал, да ја подобрат одржливоста и да ја намалат влијанието на штетните гасови врз животната средина.

Инвестицискиот комитет на ИнвестЕУ одобри гаранции до 150 милиони евра за првите операции на ЕБОР, во рамките на договорот за гаранција на ИнвестЕУ во вредност до 450 милиони евра меѓу Европската комисија и ЕБОР, пренесува Танјуг, објави Н1.

Новото финансирање ќе поттикне зелени и одржливи инвестиции во комуналните, транспортните и енергетските сектори, со цел да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина. Програмата „Зелени градови“, која е активна во повеќе од 50 урбани области за да се забрза нивната зелена транзиција, пренесува СееБиз.

Средствата ќе бидат искористени и за закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата и за решавање на инфраструктурните недостатоци, а ќе ја подобрат конкурентноста и социоекономското зближување на земјите од ЕУ. Новото финансирање ќе помогне и за решавање на енергетската криза предизвикана од војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот