Е-спорт, светски тренд присутен и во Македонија

Бобан Тотовски, претседател на македонската е-спорт федерација во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ објасни дека светските компјутерски игри кои ги играат децата и луѓето кои се групираат се дел од тимовите на е-спорт и дека тоа се одвива на ниво на градови, на ниво на држави.

-На светско ниво оние онлајн настани се одвиваат редовно. Викендов имавме квалификации за една игра и се надевам дека ќе ја претставуваме Македонија на светското првенство во Израел.
Ова е светски тренд кој во некои земји носи многу пари. Професионалците кои играат најчесто се од 16 до 24 години, а со тренинзи децата почнуваат од 10 години, изјави Тотовски.

Тој додаде дека главната цел е вежбањето.

-Нашата главна цел е да ги станеме децата од компјутери. Многумина се чудат како тоа – начините се едноставни. Два часа на компјутер и еден час вежби, вели Тотовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот